Сутоморе

Сутоморе е една од најпопуларните и најпосетените туристички населби во Црна Гора сместено на брегот на Јадранското море и го зафаќа најубавиот дел од крајбрежјето помеѓу Бар и Петровец. Освен со своите прекрасни природни карактеристики како долгата песочна плажа и прекрасното сино море градчето изобилува со многубројни ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни паркови за деца и други објекти за забава лоцирани по должината на обалата. Сутоморе има одлично поврзана патна и железничка инфраструктура со останатите туристички места во Црна Гора, па така Петровец е одалечен само 15 км, Будва 30 км, Улцињ и Котор 50 км со што претставува една од омилените туристички дестинации која нуди незаборавен одмор.

Галерија

Повеќе »